
Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 до 25 август 2017 година во, и на платото пред, Куршумли-ан во Скопје. Годинава „МакеДокс“ ќе донесе 68 филмови во петте сегменти Главна програма, Нови автори, Кратки филмови, Студентска и Детска програма и 65 фестивалски гости.