Пензионерите нема повеќе да добиваат покачување на пензиите од околу 600 денари.. Зголемувањето од септември ќе биде помалку од 1 отсто. Од Сојузот на пензионери велат дека најпогодени ќе бидат оние со најниски пензии однсно повеќе од половината. Како што информираат сега покачувањето кај најниските пензии ќе биде само 75 денари. Кај највисоките околу 400 денари.
Од опозициската ВМРО ДПМНЕ ја искритикуваа владеачката партија за укинувањето на најавеното и планирано покачување на пензиите.