
Во првите шест месеци од 2017 година во Виетнам се удавиле приближно 800 деца, соопштија денеска властите.
Директорот на одделот за заштита на децата, Данг Хоанам, за ДПА изјави дека причина за вака високиот број удавени деца, 795, е комбинацијата од недостиг на родителска контрола и немање обуки за пливање.