
За Хасе Родригез зборуваа дека е најдобриот напаѓач кој стигнал од младинските школи на Реал дури и подобар од Раул Гонзалез.
Сепак, Шпанецот не доби вистинска шанса во Реал, а минатата година се префрли во ПСЖ од каде прво го пратија на позајмица во Лас Палмас. Хасе од оваа сезона ќе игра во Стоук Сити. Со Шпанецот на едногодишна авантура во Премиер Лигата е и атрактивната девојка Аира Руиз.