
Штипското Општинско Основно училиштре „Димитар Влахов“ почна со активностите за подготовка на редовната настава за училишната 2017-2018 година. Во ова училиште, во кое наставата ја следаат ученици од најголемите и најразвиени штипски населби, до денеска се запишани 88 првачиња.
Директорот Јорданчо Митков изјави дека овој број ќе се зголеми до почетокот на септември.