
Американскиот Стејт департмент ја одобрил продажбата на мобилни ракетни системи за Романија во вредност од 1,25 милијарда долари, информира службата за соработка во одбраната и безбедноста на Пентагон, цитирана од британските медиуми.
Службата го информирала Конгресот за договорот со Романија, што е можно да биде склучен уште оваа недела.
„Локид Мартин“ е главниот контрактор во договорот.