Повторно хаос со такси превозот во двата крајезерски града.И оваа сезона по традиција најголемиот број на поплаки од страна на охриѓани ,стружани и туристите се однесуваат на несовесните и дивите таксисти кои наплаќаат по сопствена волја или пак избегнуваат да возат на кратки релации.Граѓаните постојано на социјалните мрежи посочуваат за своите искуства како биле одбиени и покрај тоа што биле претоварени или пак со мали деца бидејќи живеат во стариот дел на градот или пак во некоја од населбите во непосредна близина.Туристите пак кои имаат негативно искуство користат јавен превоз.