Маж од Тетово на 62 годишна возраст починал од компликации од грип. Ова е четвртти смртен случај годинава. Пациентот бил хоспитализиран во тетовската клиничка болница, а вирусот кај него бил и лабораториски потврден. Имал повеќе хронични заболувања и не бил вакциниран против инфлуенца, информираа од ИЈЗ.
Според последниот извештај за една недела регистрирани се близу 1500 случаи на групни пријави на случаи со грип, што е намалување за 12 проценти од претходната седмица. Зголемен број на заболени има само кај деца на возраст од 0 до 4 години.