
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека Израел и САД значително ќе ги интензивираат своите напади врз Иран во наредните денови, јави ДПА.
Кац по консултациите со високи воени претставници во штабот на армијата во Тел Авив изјави дека нападите ќе бидат насочени кон иранското раководство.