
Италијанскиот фудбалски гигант Милан одреди цена за својот напаѓач Алваро Мората, а заинтересираните клубови ќе мора да платат помеѓу 15 и 18 милиони евра за неговите услуги, објавија денеска италијанските медиуми.
Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората. Мората е на позајмица во турскиот шампион Галатасарај до јануари 2026 година.