
Жител на неготинското село Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Синоќа во 19 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со 36-годишен жител од село Криволак, Неготинско. Тој се сомничи дека на нива во село Криволак запалил стари предмети и предизвикал пожар на сува трева.