MENI

Германски изум: Чанти од рециклирани полициски униформи

Германската полиција се досети дека старите полициски униформи може да бидат рециклирани и да се преработат во модерни чанти и торби.

Идејата ја реализираа студенти по дизајн во Хановер. Тие добиле 150 стари униформи од сообраќајната полиција и од нив изработиле 500 чанти во различни форми и големини. Меѓу нив има футроли за мобилни телефони, ранци и патни торби.

Pages