
Работите во однос на субвенциите поврзани со привлекување туристи одат добро. Туризмот оди во сериозна нагорна линија. Од 2007 година кога се зафативме со оваа работа па наваму дуплиран е бројот на странски туристи кои ја посетиле земјава, а бројот на домашни гости исто така се зголемува, изјави денеска во Дојран премиерот Никола Груевски.