Подољак: Украина нема да и отстапи територија на Русија
Украина денеска ја отфрли можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува отстапување на територија.
Признавајќи дека позицијата на Киев за војната станува се побескомпромисна, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак во интервју за Ројтерс изјави дека отстапките би и се одмаздиле на Украина, бидејќи Русија ќе возврати уште посилно по секој прекин на борбата.
-Војната нема да заврши (и покрај какви било отстапки). Само ќе биде ставена на пауза некое време, изјави Подољак во добро чуваната претседателска канцеларија, каде што некои прозорци и ходници се заштитени со вреќи со песок.
Подољак во интервјуто кажа дека Русите по некое време ќе го зајакнат оружјето и персонал и ќе почнат нова офанзива, уште покрвава и пообемна.
Тој ги отфрли, како многу чудни, повиците на Западот за итен прекин на огнот што ќе ги вклучи руските сили кои ќе останат на територијата што ја окупираа на југот и на истокот на Украина.
Руските сили мора да ја напуштат земјата и „дури потоа ќе биде можно продолжување на мировниот процес“, рече Подољак.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација