Џет-Сет
9. February 2016 - 12:28

Ноа Бин во улогата на Дејвид Боуви во серијата „Винил“

Новата серија на Мартин Скорсезе и Мик Џегер, „Винил“ се занимава со светот на рокенролот, а во средината на сезоната во неа ќе се појави и ликот на Дејвид Боуви.

За улогата на починатиот музичар избран е актерот Ноа Бин, а кога ќе го видите како изгледа, ќе ви биде јасно и зошто.

- Бев толку воодушевен и преплашен снимајќи пред неговата смрт, почестен сум и ожалостен што серијата се емитува во негово сеќавање..., објави Бин на својот Твитер.

Освен физичката сличност со Боуви, за изборот на Бин влијаеше и неговото актерско искуство во повеќе проекти, меѓу кои и „12 мајмуни“ и „Никита“.