Свет
24. October 2017 - 9:19

Њујорк: Започна истрагата за компанијата „Вајнстин“

Јавниот обвинител на американската сојузна држава Њујорк, Ерик Шнајдермен синоќа покрена истрага за кршење на човековите права во компанијата „Вајнстин“, по многубројните обвиненија за сексуално злоставување од страна на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин. 

Од канцеларијата на Шнајдермен соопштија дека е издаден налог за доставување на сите документи од компанијата. 

Во соопштението се наведува дека тој побарал информации дали некој од вработените во компанијата бил изложен на сексуално злоставување или дискриминација. 

Вајнстин на 8 октомври доби отказ од компанијата, во која е дел од основачите, откако „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ објавија дека тој со децении сексуално вознемирува и и злоставува жени. 

Повеќе од 36 жени јавно го обвинија холивудскиот продуцент за сексуално злоставување.