Свет
19. јуни 2017 - 12:11

„Њујорк тајмс“: Странска сила изведе агресивни кибер напади врз САД

Странска сила изведе агресивни кибер напади врз САД и на тој начин се вмеша во минатогодишните претседателски избори, оставајќи бројни знаци дека ќе се врати повторно, но американскиот претседател Доналд Трамп не обрна внамание, како тоа да не е ништо важно, пишува во уредничката статија на весникот „Њујорк тајмс“. 

Ако не поради истрагата за евентуалните тајни врски меѓу штабот на Трамп и Русите или за тоа дали самиот Трамп ја прекршил правдата, тогаш поради индиферентноста, американскиот претседател ќе биде и понатаму вест на првата страница, предвидува весникот. 

Засега нема докази дека нападите на хакерите врз серверите на демократите и врз изборните администрации во најмалку 39 земји, се одразиле на резултатите на изборите, но тоа е друго прашање, оценува весникот. 

„Њујорк тајмс“ пишува дека уште поважно е тоа што Руси извршиле слични напади и врз многу други земји (споменати се Естонија, Украина, Полска, Германија, Франција и Бугарија) и тие стануваат се подобри во оваа дејност. 

Тие шират лажни вести и други дезинформации, со цел да се вмешаат во изборите на други земји, како што направија во САД, напоменува весникот. 

Дури и ако истрагата не покаже дека постоеле тајни врски меѓу штабот на Трамп и претставниците на Русија, одбивањето на американскиот претседател да ја признае вистината за „овој напад врз нашата демократија“ ги прави САД ранливи за уште слични напади во иднина.