-->
-->
Њујорк, американскиот град со најскапите цигари
-->
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио потпиша закон со којшто минималната цена за кутија цигари во градот се покачува од сегашните 10,5 на 13 долари, јави „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Се намалува и бројот на местата каде што ќе може да се купат цигари. Во новата цена е вклучен и данокот. Така, Њујорк станува градот каде што може да се купат најскапите цигари во САД.
Целта, како што соопштуваат локалните ввласти, е да се намали бројот на пушачи, кои моментно бројат околу 900.000. Во Њујорк живеат околу 8,5 милиони луѓе.
Противниците на новите мерки сметаат дека покачувањето на цените ќе натера многу пушачи да купуват цигари на црно - без бандероли и неоданочени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ