Свет
16. September 2019 - 12:39

Низа напади на банки и канцеларии на Нова демократија во Атина

Во четири различни атински населби, за помалку од половина час, непознати лица, на четири локации нападнале и нанеле штета на две канцеларии на Нова демократија и на две филијали на банки, а грчката полиција привела 25 лица, jави дописничката на МИА од Атина.

Од Нова демократија преку соопштение велат дека ова е петти пат, за неколку дена, нивните канцеларии да бидат мета на напади. -Очигледно е дека Нова демократија нема да се исплаши од никој и ќе продолжи

Уште порешително со борбата против беззаконието за чувството на безбедност да се зајакне секаде, соопштуваат од грчката владејачка партија.