Низ Скопје и Тетово се апсеа наркодилери
Ноќеска во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од булеварот „АСНОМ“ го лишиле од слобода Д.Д.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Претходно во 19.10 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле А.Ц.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Во 19.35 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Н.(42) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
Вечерта во 21.40 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Козле“ го привеле С.А.(28) од Гевгелија, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на овие случаи, против споменатите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Вчера околу 07.25 во тетовското село Порој, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(20) од ова село, кај кого била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Вечерта во 20.30 на ул.„Јордан Златановски“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.И.(33) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Против С.И. ќе
следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација