Свет
5. јуни 2017 - 15:10

Нивото на закани од тероризам во Велика Британија останува „сериозно“

- Тоа значи дека е голема веројатноста да биде извршен терористички напад, истакна Меј за „Би-Би-Си“, по заседанието на владиниот кризен комитет. 

- Стана јасно, за жал, дека жртвите се од неколку националности. Тоа беше напад врз Лондон и Обединетото Кралство, но исто така е и напад врз целиот свет, нагласи британската премиерка. 

Реонот, околу Лондонскиот мост, каде беше извршен нападот ноќта кон 4 јуни, повеќе не е отцепен. 

Полицијата во регионот беше повлечена порано од планиранотот, јави ТАСС. 

На железничката станица „Лондонски мост“ се отворени сите линии.