Македонија
2. May 2017 - 10:19

Нивоата на реките пониски од мајскиот просек

Нивоата на реките во Македонија се пониски од просекот за мај, покажува неделната хидролошка состојба.

Според УХМР, исклучок е Пчиња која два дена, во средата и четвртокот, бележи минимално зголемување. 

Двојно намален е водостојот на Вардар кај Скопје, Велес и Јегуновце, како и на Црна Река кај Новаци.