-->
-->
Ништо ново, пораз и од Украина
-->
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Украина со 2-0 на последниот домашен натпревар од квалификациите за Европското првенство. Првиот гол за гостинската репрезентација го постигна Селезњов во 58. минута со удар од белата точка откако во петерецот со рака играше Жута. Во 88. минута гостинските фудбалери преку Кравец ја потврдија победата.
Во првото полувреме игравме солидно. Потоа следуваше пеналот и истиот го промени текот на играта. Се обидовме со замени. Заигравме пофанзивно, но примивме втор гол. Хасани се повреди во првата фаза од средбата. Украина има голем број на играчи и разликата во класа е очигледна. За жал не ја повторивме играта со Шпанија. Момците се борат но успеавме да нападнеме“-изјави селекторот Љубинко Друловиќ.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 0-2 (0-0)
Арена „Филип Втори“. Гледачи: 2.000. Судија: Овидиу Хатеган (Романија). Стрелец: Селезњов 59’ пен. , Кравец 88’(Украина).
МАКЕДОНИЈА:Пачовски, Брдаровски, Шиков, Ристевски, Жута, Алими, Петровиќ, Хасани (22’ Абдурахими), Ашковски (78’ Несторовски), Ибраими, Илијоски (63’ Ивановски).
УКРАИНА:Пјатов, Федецки, Качериди, Ракитски, Шевчук, Рибалка, Сидорчук, Ротан (90’ Малиновскиј), Конопљанка, Јармоленко (86’ Каравајев), Селезњов (75’ Кравец).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти