Нишани: Годинава две милијарди евра профит од трговијата со марихуана
Вкупно две милијрди евра е профитот во Албанија годинава од недозволена трговија со марихуана.
Ова го потврди албанскиот претседател Бујар Нишани, додавајќи дека податоците ги добил од надлежните институции во земјата.
Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз“, Нишани оцени дека состојбта е сериозна и оти тој нема да замолчи на тоа.
- Свикав седница на Националниот совет за безбедност. Информациите кои доаѓаат до мене потврдуваат дека станува збор за две милијарди евра профит за годинава од недозволена трговија со дрога. Замислете, а нашиот буџет е пет милијарди долари, истакна Нишани.
Според него, ако во периодот 2008/2009 година италијанските власти потврдиле дека запленувале по 1,6 тони годишно, сега запленувале по 3-4 тони неделно.
- Ова бара анализа. Треба да седнеме и да покажеме платформа и конкретна акција. Состојбата е сериозна. Не ни помислувам да замолчам пред оваа состојба, изјави Нишани.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња