НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно ќе побара разговор со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун за да се постигне „мал договор“ во врска со нуклеарната програма на Северна Кореја, соопшти Јужнокорејската разузнавачка агенција (НИС).
„Постои можност Трамп да побара средба со Ким, бидејќи Трамп ги гледа средбите со Ким од периодот на неговиот прв претседателски мандат како негови големи успеси“, се наведува во соопштението на НИС, пренесува Јонхап.
Разузнавачите додаваат, во случај позицијата на САД да биде дека Северна Кореја не може да изведе денуклеаризација во краток временски период, тогаш за новата администрација ќе биде прифатлив и договор од помал обем за замрзнување на нуклеарните програми или нуклеарно разоружување.
Трамп се сретна со Ким три пати за време на неговиот прв претседателски мандат, еднаш на самитот во Сингапур во 2018 година, како и во Виетнам една година подоцна, кога се разговараше за можна денуклеаризација на Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот