Бизнис
1. July 2017 - 16:30

Николовски: Задругарството е основа на развојот на нашето земјоделство

Истече рокот за пријавување на штетите од  ланското и невремето од пред неколку недели. Проценките на министерството за земјоделство се дека оштетени се околу 3000 хектари земјоделска површина, но точната бројка на пријавените штети ќе се знае во текот на слената недела.

Поради лошите временски услови  годинава се очекува помал принос на пченицата. Проблем има и со праските, поради што се донесе мерка овоштарите да се субвенционираат со дополнителни шест денари за килограм. Мерката заврши. Во следниот период ќе се знае за колкава количина на праски станува збор. Надлежните се задоволни, смеаат дека субвецнијата е доволна за покривање на производствените трошоци. Проблем има и со ниската откупна цена на бостанот.

Николовски посочи дека основа за развој на домашното земјоделство е здружувањето особено на малите земјоделци. Со тоа ќе се подобри квалитетот на земјоделските производи и ќе се обезбеди поголем пласман на странските пазари.