Македонија
14. May 2021 - 16:18

Николовски за Законот за дивоградби: Не смееме 50.000 граѓани да оставиме без кров над глава

Во изјава за медиумите заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски кажа дека забелешките на претседателот Пендаровски ќе бидат разгледани но и дека не можат како влада да остават 50.000 граѓани без кров над глава

„Сите забелешки во секој еден поглед треба да бидат земени во предвид при носењето на новите одлуки и законски решенија но треба да имаме во предвид дека не смееме како влада 50.000 граѓани да  оставиме без кров над глава, ние мора да носиме одлуки и решенија на проблемите кои што се генерациски“, кажа Николовски.