Кошарка
28. јуни 2017 - 22:15

Николовски во дресот на Карпош Соколи ќе игра во ЛШ на ФИБА

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Кирил Николовски потпиша едногодишен договор со освојувачот на Купот на Македонија, Карпош Соколи. 29-годишниот кошаркар потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката.
Николовски доаѓа од тимот на Фени Индустри каде настапуваше во последната сезона, а претходно играше за екипите на МЗТ Скопје и Вардар Осигурување. 
Екипата на Карпош Соколи нов договор потпиша со Драган Лабовиќ, а се очекува договорите да ги продолжат капитенот Игор Пенов, Дарко Соколов и Американецот Кендрик Пери. 
Вицешампион на Македонија воедно и актуелен освојувачот на Купот на Македонија во новата сезона ќе биде македонскиот претставник во Лигата на шампионите на ФИБА. Екипата на Карпош Соколи ќе игра во првото квалификациско коло, а извлекувањето на двојките ќе се одржи на 11.јули.