Македонија
5. August 2017 - 15:00

Николовски: Граѓаните да имаат доверба во институциите

Во овие моменти, најважно е да се задржи присебноста, а граѓаните да имаат доверба во институциите кои се на терен, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој денеска ја посети опожарената локација во село Моране, Скопско.

Тој нагласи дека е зајакната комуникацијата меѓу институциите со цел навремено информирање на граѓаните.

- Владините институции, заедно со претставниците на Центарот за управување со кризи и ЈП „Македонски Шуми“ изнаоѓаат начин за побрзо локализирање на пожарот, нагласи Николовски

Министерот, кој е и член на Управувачкиот комитет за управување со кризи, во Моране беше придружуван од претставници на Центарот за управување со кризи.