Loading Video...
Кошарка
13. August 2020 - 16:23
Николов е седмиот македонски репрезентативец во тимот на МЗТ Скопје Аеродром
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и во следната сезона ќе биде тимот со најмногу македонски репрезентативци.
Последен во низата кој ја продолжи соработката со сино-белите е Кристијан Николов
23-годишниот плејмејкер денеска и официјално потпиша нов едногодишен договор со аеродромци.
Со тоа „колонијата“ на македонски репрезентативци кои и следната сезона ќе го носат дресот на МЗТ Скопје Аеродром сега изнесува вкупно седуммина.
Претходно беше продолжена соработката со Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, додека Адем Мекиќ и Филип Бакоч само го надополнија репрезентативниот список на играчи кои на располагање ќе ги има тренерот Ѓорѓи Кочов.
На списокот на Кочов се и тројцата странци, Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, како и повратникот во МЗТ Скопје, Србинот, Андрија Бојиќ.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->