Македонија
12. November 2025 - 9:18

Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео  од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.

- Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин - Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија. Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај, напиша вицепремиерот Николоски.

 

МИА