Македонија
3. July 2021 - 13:51

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ со закон ќе бара да им се вратат пари на 40.000 македонски граѓани вакцинирани во странство

Фијаското со вакцинацијата во Македонија чини илјадници загубени животи и стотици илјади луѓе кои што се бореа или се борат со корона вирусот, барајќи спас за сопствениот живот и за сопственото здравје, многу македонски граѓани се решија да се вакцинираат во странство, затоа што неспособната влада на Зоран Заев и Венко Филипче не успеа да обезбеди вакцини за Македонија.

Неспособната и криминална влада не успеа да набави вакцини со кои што би се спасиле човечки животи и затоа според нашите податоци околу 40 илјади македонски граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија.

Тоа се наши граѓани кои што плаќаат здравствено осигурување во Македонија и за кои што вакцинацијата треба да е бесплатна, но не е бесплатна затоа што имаат трошоци да отидат во странство, трошоци за превоз и за престој во соседните држави затоа што неспособната влада не успеа да обезбеди вакцини. Имајќи предвид каква е ситуацијата сега веројатно тоа ќе се случува и во следниот период.

Затоа во средбите со граѓаните добивме барање од граѓаните, да поднесеме закон во Собранието со кој што ќе се рефундираат односно ќе се вратат потрошените средства кои што македонските граѓани ги направија за да можат да се вакцинираат во Србија или во Бугарија или во одредени други држави.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, слушајќи го гласот на народот во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија. И очекуваме тој закон да биде поддржан од сите пратеници затоа што е за доброто на граѓаните, а од неспособната влада на Филипче и Заев веќе не можеме да очекуваме ништо, затоа што се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини.

Ги повикувам сите пратеници да го поддржат овој закон, затоа што овој закон е за спасување човечки животи.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ