Никола Анастасијески освои прво место на 16-то Државно првенство на бармени
Во Скопје вчера се одржа 16-то Државно првенство на бармени, во организација на Здружението на бармени на Македонија кое веќе 20 години успешно работи на подигнување на коктел културата и афирмација на професијата бармен.
Како што соопштија организаторите, на натпреварот учествуваа вкупно 21 бармен од цела држава.
Првото место го освои младиот Никола Анастасијески од Скопје. Второто место му припадна на искусниот Васил Пеевски, додека трет беше Вања Головски.
Анастасјески ќе ја претставува земјава на светското првенство на бармени кое оваа година ќе се одржи во Картагина, Колумбија во ноември.
- Првенството на бармени уште еднаш покажа дека Македонија има одлични бармени и дека оваа професија има светла иднина, стои во соопштението на Здружението на бармени.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје