Нигерија подготвена да преговара со Боко Харам за грабнатите ученички
Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари изјави дека е подготвен да преговара со милитантната исламистичка група Боко Харам, за спасување на повеќе од 200 ученички, киднапирани во април 2014 година.
Според Бухару, вооружената група сега може да ја покаже својата кредибилност низ преговорите за кои нигериската влада е подготвена, без никакви предуслови.
Ученичките, тогаш сите малолетнички, беа грабнати од нивното училиште во градот Чибок, во североисточна Нигерија, предизвикувајќи остри осуди во меѓународната јавност.
Подоцна светот беше еднодушен во осудите кон тогашниот претседател Гудлак Џонатан и армиските сили кои не успеаја да ги спасат девојчињата.
Бухари кој е претседател од мај годинава, признава дека не располага со разузнавачки информации за тоа каде се наоѓаат киднапираните ученички, ако и за тоа каква е нивната состојба.
Во измнатите месеци, нигериската армија презеде повеќе офанзиви во североисти очниот дел од земјата, успевајќи да врати поголемиот дел од територијата што беше под контрола на Боко Харам. Војската успеа да ослободи и голем број киднапирани лица, но неуспеа да ги открие и да ги ослободи ученичките.
Изјавата на претседателот Бухари ,за спремноста да се преговара со Боко Харам, што е прва таква понуда досега, претставува реакција на критиките на локалните политичари од Чибок кои го обвинија шефот на држават дека и тој ги заборавил грабнатите ученички.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората