Свет
7. May 2017 - 11:16

Нигерија: Боко Харам ослободи 82 ученички

Исламистите од движењето Боко Харам ослободија 82 ученички од над 200 киднапирани девојчиња во нигерискиот град Чинок во април 2014 година, соопштија владини претставници.

- Девојчињата се ослободени благодарение на преговорите со Владата на Нигерија, изјави неименуван владин претставник.

Повеќе од 20 ученички беа ослободени во октомври минатата година во согласност со Договорот за кој посредуваше Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Извесен број девојчиња усепа да побегне, некои беа спасени, но пред најновото ослободување се претпоставуваше дека уште 195 ученички се во заробеништво.