Македонија
13. February 2016 - 10:36

Ни влез ни излез кон Грција, блокиран ГП Богородица

Од 10:00 часот утрово блокиран граничниот премин „Богородица“ при влез и излез од Македонија кон Грција.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, граничниот премин е блокиран од страна на такси превозници и Автобуси. 

Гевгелиските таксисти и приватните автобуски превозници од општината и денеска од 10 часот го блокираа граничниот премин „Богородица“ за влез и излез од земјата, изразувајќи го на тој начин својот протест што не се вклучени во превозот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија до Табановце.

Граничниот премин „Богородица“, како и изминативе денови од почетокот на штрајкот ќе биде под блокада на таксисистите до 12 часот.

Градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов, синоќа остварил средба со претседателите на здруженијата на такси и автобуските превозници од кои кои побарал во интерес на граѓаните да се откажат барем од блокирањето на градот, по што веднаш беше деблокиран ГП „Богородица“.