Спорт плус
2. January 2019 - 16:46

НХЛ: Бостон го победи Чикаго пред 76 илјади гледачи

Три натпревари се одигра во професионалната хокеарска лига, НХЛ, а најмногу внимание привлече дуелот што под „отворено небо“, во Нотр Дам, во Индијана, пред 76.126 гледачи го одиграа Бостон Бруинс и Чикаго Блекхокс.

Овие дуели што се играат на отворени, популарно се наречени „зимски класици“. Во Нотр Дам, победата ја однесоа хокеарите на Бостон (4:2).

По осум минути игра Блекхокс преку Брендан Перлини постигнаа гол за 0:1. Четири минути подоцна Бруинс искористија ситуација со играч повеќе и израмни со голот на Давид Пастернак.

Во втората третина нова предност на Чикаго им донесе Доминик Кахун, а Бостон израмнија преку Патрис Бержерон. Бостон и вториот гол го постигнаа со играч повеќе на теренот.

Во последните 20 минути, екипата од Масачусетс, успеа да постигне два, а да не прими ниту еден гол. Преку Шон Каурали и Виктор Арвидсон, Бостон Бруинс славеа 4:2.