Македонија
28. јуни 2018 - 17:12

Независниот синдикат за образование бара оценка од Уставниот суд за членови од колективниот договор

Независен синдикат за образование ќе бара од Уставниот суд оценка на одредени членови од колективните договори за основно и средно образование. Обвинуваат дека одредбите од колективните договори важат само за членовите на СОНК. На тој начин велат,  останатите вработени во училиштата  се принудени да плаќаат членарина на СОНК за да ги остварат правата.

Колективните договори, рече Гиевски во изјавата дадена пред уставниот Суд на РМ, се донесуваат со цел да важат поддеднакво за сите вработени без разлика дали се или не се членови на синдикат.Ваквата поставеност, според него, е вешто и манипулаторски искористена од страна на СОНК, кој, редовно им укажува на директорите во училиштата дека колективните договор и важат исклучиво за членови на овој синдикат, и оти вработените кои сакаат да користат право од овие договори треба да плаќаат членарина на СОНК или на Синдикат кој се приклучил на нивното потпишување.

Од независниот синдикат обвинуваат дека СОНК ниту еднаш не реагирале дека доследно не се почитува пресметката за плата како што е предвидено со колективните договори. Од овој синдикат ги повикаа министрите за образование и труд и социјална политика активно да учествуваат во решавање на овој проблем.