Независниот полициски синдикат бара подобри услови за работа во станицата во Стење
Независниот полициски синдикат (НПС) на денешната прес-конференција побара од МВР да обезбеди средства за подобрување на условите за работа во полициската станица за гранична контрола во Стење каде, според нив, не е инвестирано од отворањето на станицата во 1992 година.
- При посетата на станицата се соочивме со слика на која времето како да застанало во 1992. Она што ние го видовме е дека таму нема основни услови за работа на припадниците на МВР. Ние како синдикат бараме МВР заедно со министерот да одвои време и да го посетат овој граничен премин. Бараме да се заложат и согласно ветувањата на новата власт да овозможат живот за полицајците, рече Гоце Тодев од НПС.
Тој приложи и фотографии од полициската станица во Стење, каде според него, работат околу 40 лица, а најавени се дициплински постапки против 16 вработени за што, како што вели, ќе се ангажираат како синдикат да помогнат.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО