Македонија
19. March 2018 - 12:08

Независни професионалци и експерти во антикорупциска, препорачува Заев

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев смета дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да е составена од независни професионалци и експерти, бидејќи станува за една од најсериозните корективи на  извршната власт и еден од главните органи кој се бори против корупцијата. 

- Прашањето за докомплетирање на составот за Антикорупциската комисија е на Собранието, а јас од тоа што го прочитав од медиумите  знам дека неколку луѓе поднеле оставка и познато е дека се подготвуваат измени и дополнување на Законот. Мене ми е важно да има апсолутно експертска, независна и професионална комисија, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното судење за „Поткуп“. 

Премиерот посочи дека неделава планира да почне разговори за зголемување на парламентарното мнозинство.

- Планирам да разговарам со партиите кои имаат пратеници во Собранието, а досега не се дел од парламентарното мнозинство. Како ќе течат преговорите веднаш преку медиумите ќе и соопштувам на јавноста, потенцира Заев.