„Независне новине“: Околу 30.000 одбиени азиланти од Европа и САД можно е да се вратат во БиХ
Поради мигрантската криза која и натаму трае со ненамален интензитет, во Босна и Херцеговина би можеле да бидат вратени илјадници нејзини државјани на кои им е одбиено барањето за азил во државите од Западна Европа и од САД, пишува бањалучкиот весник „Независне новине“.
Весникот наведува дека официјалните податоци со кои располагаат институциите во БиХ се загрижувачки, првенствено од аспект на најавата за враќање на неколку десетици илјади лица од Германија, како и голем број од Белгија, Франција, Италија и други држави од Западна Европа, но можно е исто така и од САД.
„Незвисне“ наведува дека властите и институциите во БиХ сега стравуваат оти постоечките сместувачки и сите други капацитети нема да бидат доволно за реинтеграција на луѓето кои се враќаат, а од кои повеќето „распродале речиси се во трка за подобар живот откако е укинат визниот режим“.
- Нашите државјани, кои заминаа по либерализација на визниот режим, сега престојуваат илегално во други држави. Се проценува дека ги има повеќе од 30.000. Со оглед на тоа дека Западен Балкан се смета за сигурно подрачје, тие луѓе се повеќе ги депортираат во матичните држави, вели Драго Вулета, помошник министер во Минстерството за бегалци и раселени лица на РС, кое во сето има координирачка улога.
Според весникот, Вулета особено предупредува е статусот на ромските семејства од БиХ во Италија.
- Тоа дополнително не загрижува, бидејќи во Италија има многу Роми од овие простори. Доколку Италија се одлучи на сличен чекор, тогаш мораме да најдеме начин да ги прифатиме тие луѓе, вели Вулета.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот