Живот
30. December 2017 - 14:26

Незапаметен случај: Матичар одби да венча двојка зошто невестата била премногу млада

Матичарот од општината Кањ-сер-Мер, во француските Приморски Алпи, одби да венча една двојка поради старосната разлика од 42 години, при што несудениот младоженец има 80 години, а неговата избраничка - 38.

Венчавката е одложена, а барањето е проследено до републичкиот обвинител, пренесува францускиот весник „Нис-Матен“.

Матичарот својата одлука ја образложи со тоа што разликата во годините меѓу двајцата вљубени буди сомнение во „искреноста на нивните брачни намери“.

Жан-Клод (80) и Дебора (38) се во љубовна врска веќе две години, но ќе мора да почекаат правосудството да се изјасни за можноста за нивен брак, за што се потребни 2 месеци.