Македонија
13. January 2016 - 16:23

Невремето направи големи штети во селата на Шар Планина

Речиси секоја втора куќа во планинското село Јеловјане претрпе оштетувања во невремето проследено со силен ветер што вчера наутро го зафати тетовско-гостиварскиот регион. Голем дел од куќите останаа и без цели покриви. 
 
Штети имаат и оние кои се занимаваат со сточарство. 
 
Од општина Боговиње каде припаѓа Јеловјане соопштија дека ќе има итна седница за да се донесе одлука за помош на настраданите во невремето.