Невремето без струја остави над 200.000 домаќинства во државата Вашингтон
Над 200.000 американски домаќинства останаа без струја заради силните ветрови, што вчера ја зафатија сојузната држава Вашингтон, соопшти енергетската компанија „Пјуџит саунд енерџи“, пренесе ТАСС.
Според податоците на компанијата оператор, невремето што во овој регион беснееше со часови, уништило многу далноводи. Само во Сиетл, најголемиот град во оваа држава, без струја останале речиси 50.000 згради. Има информации дева ветрот соборил дрвја и однел покриви на десетици стари објекти.
Заради лошото време властите наредија привремено да се затворат неколку локални автопатишта, посочува руската агенција.
Според податоците на весникот „Сиетл тајмс“, бурата веќе зела најмалку една жртва. Во градот Сиетл дрво паднало врз паркиран автомобил со две лица во него, маж и дете. Мажот загинал на самото место, а детето минало со полесни повреди.
Синоптичарите прогнозираат дека времето во регионот наскоро ќе се подобри, забележува ТАСС.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто