Македонија
27. April 2019 - 14:18

Невреме во прилепско

Нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи го зафати попладнево на повеќе места во западните делови на државата.

Поизразена нестабилност во форма на невреме во моментов има во северниот дел од Пелагонија во подрачјето околу Прилеп.

Од УХМР информираат дека нестабилното време постепено ќе се прошири преку централните кон источните делови од земјава, каде локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме.бт