Свет
11. August 2019 - 10:21

Невреме во Британија, едно лице повредено

Велика Британија беше погодена од невреме, проследено со ветрови кои достигнаа брзина од 97 километри на час, при што едно лице е сериозно повредено во Лондон, јавуваат британските медиуми. Според „Ивнинг Стандард“, 50-годишен маж се здобил со сериозни повреди во јужниот дел на Лондон кога врз него паднало дрво.

Невремето го наруши и нормалното одвивање на сообраќајот. Главната железничка линија, која ги поврзува Шкотска и Англија, беше затворена поради поплавени шини меѓу Карлајл и Локерби.

Обилните врнежи од дожд ќе траат сè до утринските часови, а во сила е жолт метео-аларм во областа Глазгов.