Свет
13. February 2016 - 20:58

Невреме остави без струја илјадници домови во Франција

Западниот француски регион Бретања денеска беше зафатен од невреме проследено со силен ветер, кој остави без струја околу 21.000 домаќинства.

Како што јавија француските медиуми, ветрот во Бретања дувал со просечна брзина меѓу 125 и 135 километри на час. На одделни места бил измерен ветер со брзина и до 148 километри на час.

Силниот ветер корнел дрва и електрични столбови, предизвикувајќи штети во електродистрибутивниот систем.