-->
-->
Невреме ја зафати Хрватска
-->
– Невреме со грмотевици го погоди северозападниот дел на Хрватска, а дуваше силен ветер и паѓаше пороен дожд, јавија утринава хрватските медиуми.
На подрачјето на Бјеловар и Копривница, пожарникарите синоќа имаа технички интервенции за отстранување на дрвја и гранки од сообраќајниците, а имаше и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува Хина.
Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ беа на терен и ги отстрануваа последиците од невремето. Бидејќи ветрот скрши многу дрвја, дел од патиштата беа привремено непроодни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Пораст на Ковид-19 случаи во Црна Гора за околу 130 отсто
-
Почна да се реализира првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар
-
ДУИ: Францускиот предлог е во дозволените рамки на рационален компромис
-
Бугарката Ружa Игњатова со измамата „OneCoin“ на листата 10 најбарани бегалци на ФБИ
-
Најмалку 19 загинати во руските напади во околината на Одеса
-
Милошоски: Ковачевски и Османи го кријат предлогот, нивните штетни преговори ја доведоа Македонија во оваа положба
-
Голоб предупреди на „информациска војна“ на Москва на Балканот