Балкан
17. September 2017 - 14:57

Невреме го погоди Сплит: Паѓаше град со големина на пинг-понг топче, поплавени улици

Град со големина на пинг-понг топче проследен со силен дожд околу 11 часот денеска го погоди Сплит. Засега нема информации за повредни како ниту за штетата.

Според првите информации, во релативно краток временски период наврнале 12 литри дожд по метар квадратен.

Силните врнежи ја поплавиле улицата Седум Кашрели покрај стадионот Пољуд.