Македонија
15. December 2016 - 12:22

Невработеноста во општина Гевгелија 4,59 проценти

Стапката на невработеност во општина Гевгелија, моментно изнесува само 4,59 отсто и е една од најниските во земјата, нагласи денеска раководителот на гевгелиската Агенција за вработување, Даница Гавриловска.
 
- На списокот на невработените се наоѓаат 582 лица од кои што 489 се од Гевгелија, 47 од Негорци, 30 од Миравци и 16 лица од Богородица. Истовремено бројот на вработени во општината изнесува 12.000 лица и тој континуирано ќе се зголемува со ангажирање лица и од други општини,нагласи Гавриловска.
 
Тој тренд, според Гавриловска, најдобро се потврдува со фактот што во гевгелиските конфекциски фабрики, на лозовите плантажи, преработувачките капацитети за зеленчук и овошје, како и во казината се почесто работно се ангажираат лица од соседните општини Богданци и Валандово, а во последно време дури и од општините Неготино и Кавадарци.